Кинески град тестираше три милиони луѓе за коронавирус
Властите во источниот кинески пристанишен град Кингдао соопштија дека завршиле со тестирање на повеќе од три милиони луѓе за коронавирус по првата локална епидемија на земјата...

Градските власти соопштија дека имале вкупно 12 заразени, шест со симптоми и шест без симптоми бидејќи е забележана нова појава на епидемијата за време на викендот во болницата.
Според денешните податоци на Националната здравствена комисија, во последните 24 часа се регистрирани 30 нови инфекции, од кои 13 се случаи со симптоми и 17 се асимптоматски.
Вкупниот број на случаи на локално пренесување, со и без симптоми, е 11, додека другите се наведени како увезени.
Кина има вкупно 4.634 смртни случаи од коронавирус и 85.591 заразен.
Нема податоци за асимптоматски случаи за кои се верува дека се илјадници.
Властите на Кингдао планираат да ги тестираат сите девет милиони жители до крајот на неделава, а ќе има и слични кампањи во други градови каде што се откриени локални жаришта.
Кингдао е големо трговско пристаниште и индустриски центар познат по електроника и најпозната пиварница во земјата, како и седиштето на северната флота на кинеската морнарица.
Дијана Гогова
