СЗО: Незамисливо е коронавирусот да се остави слободно да циркулира во општеството
Светската здравствена организација (СЗО) оцени дека е незамисливо коронавирусот да се остави слободно да циркулира во општеството, така што населението, како што сугерираат некои, ќе создаде заеднички имунитет...

"Никогаш во историјата на јавното здравство колективниот имунитет не бил користен како стратегија против епидемија, а камоли пандемија. Тоа е научно и етички проблематично", рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрехезус.
Повеќе од еден милион луѓе во светот починаа од коронавирус од појавата на болеста во Кина на крајот на декември 2019 година.
Гребехесус рече дека светот сè уште не знае доволно за имунитетот што го стекнале оние кои имале коронавирус и додаде дека некои од нив биле заразени двапати.
„Повеќето заразени лица добиваат имунитет во текот на првите недели, но сè уште не знаеме дали тој имунитет е силен и траен или се разликува од личност до личност“, додаде тој.
Дијана Гогова
