По победата над Летонија од 2-1 во пријателски натревар

Македонија 82. на ФИФА листата

13.03.2014 17:28

Скок за едно место, од 83-та на 82-та позиција на ФИФА листата, забележа најдобрата македонска фудбалска репрезентација, на најновото мартовско рангирање коешто е објавено денеска.

Победата од 2-1 над Летонија пред една недела придонесе за скромното поместување на нашата селекција. „Црвено-жолтите“ се се уште во нималку привлечно опкружување, бидејќи над нив се Јамајка, Хаити и Оман, а под нив Белорусија, Конго и Уганда.

Најдобрата репрезентација од квалификациската група, актуелниот светски и европски првак Шпанија и натаму е на лидерската позиција на ФИФА рангирањето, пред Германија, Аргентина и Португалија. Од другите противници на Македонија во наредниот циклус квалификации – Украина остана 18-та, Словачка од 54-та сега е 50-та, Белорусија е 83-та, а Луксембург е 120-ти.