Претседателот Пендаровски ќе му додели „Орден за заслуги“ на Бигорскиот манастир

15.10.2020 11:13

Се очекува на свеченоста свое обраќање да имаат претседателот Пендаровски и игуменот на манастирот Епископот г. Партениј.

Претседателот на државата Стево Пендаровски, денеска напладне ќе му го додели високото државно одликување „Орден за заслуги за државата“ на Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител“, по повод 1.000- годишнината од неговото основање.

Се очекува на свеченоста свое обраќање да имаат претседателот Пендаровски и игуменот на манастирот Епископот г. Партениј.

На настанот ќе настапи и бигорскиот монашки хор.