Поранешниот Детски дом „11 Октомври“ прераснува во современ центар за социјални услуги

15.10.2020 11:56

Шахпаска направи увид во активностите за пренамена на овој објект. Во еден дел од објектот се подготвува да отпочне со работа Центар за поддршка на згрижувачки семејства и Центар за мајки и деца, кој периодов наназад се реновираше во соработка со УНИЦЕФ, а со финансиска поддршка на Британската амбасада.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска го посети Детскиот дом  „11 Октомври“, кој со процесот на деинституционализација го промени начинот на грижа за децата без родители и родителска грижа од институционален во грижа заснована на групни домови во заедницата, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Шахпаска направи увид во активностите за пренамена на овој објект.  Во еден дел од објектот се подготвува да отпочне со работа Центар за поддршка на згрижувачки семејства и Центар за мајки и деца, кој периодов наназад се  реновираше  во соработка со УНИЦЕФ, а со финансиска поддршка на  Британската амбасада.

Истовремено беа разгледани и просторните можности кои ги нуди објектот за развивање на нов сет на социјални услуги како поддршка на процесот на деинституционализација, а со цел нејзино  успешно спроведување.

Во него веќе функционира една од пилот-комисиите за функционална проценка на способностите и попреченоста на децата, согласно методологијата (МКФ) препорачана од Светската здравствена организација.

Деинституционализацијата не значи само преселба на корисниците од резиденцијалните институции во згрижувачки семејства или групни домови во заедницата. Тоа е првиот, мошне важен чекор. Сега пред нас е предизвикот да ги пренамениме објектите во кои порано живееја корисници и да понудиме нови социјални услуги за граѓаните.