Дали Заев и Георгиевски само формално се разделија?
Кандидатурата на Пендаровски експресно ја доби подршката на екс- коалицискиот партнер, Љубчо Георгиевски...

Се комплетираа кандидатурите во Државната изборна комисија (ДИК). На истекот на рокот социјалдемократите ја доставија номинацијата на Стево Пендаровски, потпишана од 36 пратеници.
„Максимална почит за сите што ме подржаа. Имам намера да бидам претседател на сите граѓани независно од етничката и политичката определба“, изјави Стево Пендаровски, претседателски кандидат на СДСМ.
Кандидатурата на Пендаровски експресно ја доби подршката на екс- коалицискиот партнер, Љубчо Георгиевски.
„Јас лично ќе гласам за Пендаровски. Од демократски причини. Што и да се случи ќе се збогати демократијата“, зијави Љубчо Георгиевски претседател на ВМРО-НП.
Во програмата за парламентарните избори на ВМРО-НП, една од трите теми е посветена на решавање на проблемот со името. Според Георгиевски, темата мора да ја затвори новиот парламентарен состав. Во спротивно, цената што ќе сме ја плателе, како што изјави Георгиевски ќе била висока.
За брзо затворање на спорот е и партискиот врв на СДСМ. Заев без детали како заменик претседателката Шеќеринска пак на митинзите во 2008-та, тогаш како партиски лидер, барајќи ја довербата од граѓаните ветуваше дека прашањето за името ќе го затвори за 6 месеци.
Виолета Димовска
