Полицијата спречи нелегален влез на 252 мигранти
16.10.2020 11:22
Покрај, тоа, како што соопштуваат од МВР, во текот на вчерашниот ден беше сузбиена 12-члена организирана криминална група за криумчарење на мигранти.

Полициски службеници од повеќе организациски единици на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, во рамки на оперативната акција „Рефлекс“ спречија влез на 252 лица- мигранти долж граничната линија со Грција, Бугарија и Србија и внатре, на територија на Република Северна Македонија.
Покрај, тоа, како што соопштуваат од МВР, во текот на вчерашниот ден беше сузбиена 12-члена организирана криминална група за криумчарење на мигранти.
МВР и во наредниот период продолжува со мерки и активности за спречување на илегален влез на териоторијата на Република Северна Македонија.
