Продолжуваат разговорите на Mакедонско-бугарска комисија

16.10.2020 13:04

За попладне е најавена прес-конференција на двајцата копретседавачи, Ѓоргиев и Димитров...

Продолжуваат разговорите на мешовитата Mакедонско-бугарска комисија. Без детали помина вчерашниот состанок. Веќе е почната дискусија, во однос на усогласување на препораките за нашите учебници по историја за седмо одделение. За попладне е најавена прес-конференција на двајцата копретседавачи, Ѓоргиев и Димитров.

Треба да се најде политичко решение, но не може да се прават компромиси со историјата и јазикот, или со барања за национални малцинства, изјави бугарскиот претседател Румен Радев.

Македонскиот премиер Заев пак, вели- нема „план Б“. Очекува позитивни вести од мешовитата комисија за историски прашања.