За Градежната комора прифатлив е предлогот за задолжителен приклучок на парно на новите згради
Градежниците од Регулаторна бараат нивните објекти кои ќе бидат приклучени на централното греење да добиваат помала топлинска енергија. Од Комисијата велат дека се преговара за поедноствување на условите за користење на топлинската мрежа.

Калориметри во новите објекти, мапирање на деталните урбанистички планови во кои градежниците задолжително ќе треба да се приклучат на мрежата на топлинска енергија. Ова се само дел од предлозите на Регулаторната комисија за енергетика кои ќе треба да се имплементираат во новиот Закон за градба. Дополнително ќе се одлучува на чиј товар ќе биде набавката на мерачите на топлинската енегија.
За Градежната комора при Сојузот на стопанските комори е прифатлив предлогот на Регулаторна. Анализите покажуваат дека енергетски ефикасните објекти трошат за шестпати помалку енергија.
За измените на законот, Регулаторната комисија ќе разговара и со останатите комори.
Дијана Ценевска
