ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Филипче веднаш
16.10.2020 14:54
Според ВМРО-ДПМНЕ, погрешните и лоши политики на Филипче ја искачија Македонија на врвот во регионот, Европа и пошироко по новозаболени и починати од корона вирусот.

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот Филипче веднаш. Ова што се случува деновиве е фијаско на сите нивни политики, реагираат од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, погрешните и лоши политики на Филипче ја искачија Македонија на врвот во регионот, Европа и пошироко по новозаболени и починати од корона вирусот.
Филипче додека се занимава со матни тендери и градење на згради, граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со корона вирусот, се вели во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
