Заев: Не размислуваме за план Б
Нова рунда разговори на мешовитата Македонско- бугарска комисија. Детали најавени на попладневната прес- конференција на двајцата копретседавачи, Ѓоргиев и Димитров. Бугарскиот претседател Радев бара политичко решение, но вели дека нема компромиси со историјата и јазикот. Македонскиот премиер Заев тврди- нема план Б...

„Не размислуваме за план Б“ - низ трпение, меѓусебно почитување и разбирање да се изнајдат решенија- вели премиерот Заев за разговорите на Македонско- бугарската комисија. Според него, ако дојде до блокада на првата Меѓувладина седница на Северна Македонија и Европската унија планирана за декември под германско претседавање, тогаш ќе се соопштат следните чекори.
Политичарите треба да заземат своја улога во разговорите меѓу Скопје и Софија – вели бугарскиот претседател Румен Радев. За него, нема компромиси со историјата, идентитетот и јазикот, но и барањето за признавање малцинства.
Пред состанокот на Берлинскиот процес што треба да се одржи во првата половина на ноември во Софија, се очекува средба на премиерите Заев и Борисов.
Миле Ристески
