13 години без Тоше, спомените и почитта уште посилни
И по 13 години од трагичното загинување на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, хуманистот и човекот со големо срце,Тоше Проески, не стивнува почитта за него. Од Македонија, од Балканот, маратонците стигнаа да му оддадат почит. Подигнато е новото спомен обележје на Гумење. Тоше го обедини Балканот како никој досега, порача премиерот Заев...

Сеќавња, тага, почит, со песна и црвени рози. Крушево, Македонија, Балканот се сеќава на Тоше Проески по 13-ти пат од неговото трагично загинување. Маратонците и годинава стигнаа на неговото вечно почивалиште, на Гумење. Поради пандемијата трчаа од Граничниот премин Табановце, до Крушево. Претходно и симболично во Хрватска, Нова градишка каде загина Тоше.
И покрај дождот и ова тешко, опасно време, фановите на Тоше ги имаше од секаде: од Макеоднија, Хрватск, Бугарија, од Русија.
Тоше го обедини Балканот како никој досега. Неговите верба, љубов се основа за да ги избришеме омразата, нерпеливоста последниве години, порача премиерот Зоран Заев, кој му оддаде почит на Тоше. Подигнато е новото-спомен обележје што се градеше една година и чинеше 10 милиона денари, пари од државата.
Ниту дождот не ги смречи почитувачите на Тоше да му оддадат почит.
Елизабета Митреска
