17 од 27 земји во „црвена зона“
Седумнаесет земји-членки на Европската унија и Велика Британија во црвената зона на новата европска мапа на ограничувања на движењето, поради Ковид-19...

Седумнаесет од 27 земји-членки на Еврозоната, како и Обединетото Кралство, се наоѓаат во црвената зона на новата мапа на ограничувања на движењето во Европа, изготвена од Центарот за спречување и контрола на болести. Три земји, Норвешка, Финска и Грција - се претежно зелени. Според препораката, патниците кои пристигнуваат од портокаловата, црвената или од сивата зона можат да бидат предмет на ограничувања. И додека протокот на патници е под прашање, расте притисокот врз угостителството, економијата воопшто, но најмногу врз здравствените капацитети.
„Швајцарија има одличен здравствен систем, но борбата со Ковид-19 бара цела мрежа на здравствени системи и тоа е главен, огромен предизвик за сите нас. Пдготвени сме, но во исто време сме загрижени затоа што медицинските екипи се исцрпени од првиот бран“, изјави Бертран Левра – генерален директор на женевската болница.
„Пациентите се во многу сериозна состојба. Поминаа неколку недели откако рековме дека пристигна вториот бран. Цел оддел, односно 80 насто од капацитетите е посветен на пациенти со Ковид-19“, вели управител за итни случаи во болница во Франција.
„Чувството е како да сме во војна постојано. Тежок товар носат здравствните работници. Им завидувам на оние што велат дека вирусот не постои и спијат спокојно. Верувајте јас се уште не сум во можност да спијам“, вели медицинска сестра во болница во Италија.
По Италија, Шпанија, една од нјапогодените земји од Ковид-19, бележи речиси 34 илјади смртни случаи од почетокот на пандемијата, а изминатата недела бројот се зголемува.
„Во последните седум дена бележиме раст на смртни случаи, но и заболени. И во Европската унија се одвива ефект сличен на оној што го доживеавме во Шпанија во септември. Значителен пораст на новозаболени е забележан во европските земји“, изјави Фернандо Симон- Центар за координација на здравството во Шпанија.
Делумните рестрикции што ги воведоа земјите во Еврозоната, затворените барови, ресторани, училишта, но и полициски час се очекува да дадат резултат и да ги намалат бројките на новозаболени.
Во светот и натаму најголем број на заразени има во САД и Индија. На трето место е Бразил кадешто во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 713 пациенти.
Маријана Димовска
