Руски против одговор на Западот
Европската Унија ја усогласи рамката за првите посилни санкции кон Москва, како одговор на руската вмешаност во украинската криза солидаризирајќи се со Вашингтон во напорите да ги натераат русите да се повлечат од Крим.

Рекацијта на Крмаљ е дека доколку им се воведат санкции, сотојбата ке биде уште полоша од периодот на Студената Војна.
Доколку дипломатијата не најде излез за украинската криза, Унијата заедно со Вашингтон, веќе е подготвена да воведе сакции за русите. Агенцијата Ројтерс информира дека прашање на време е кога Брисел ќе ги наметне заострените мерки меѓу кои се забрана за патувања и замразнување на имотот на луѓе и фирми кои што Брисел ги обвинува за кршење на територијаниот интегритет на Украина.
Секако дека лошо ќе се одрази на патувањата на руската елита бидејки овие казни би можеле да ја отсечат руската елита и од банките каде што ги чуваат своите пари.
За разлика од американците, прогнозите велат дека европските држави ќе претрпат големи последиици, бидејки зависат од рускиот гас и нафта.
Кремаљ, предупреди доколку се применат мерките, тогаш и русите ке воведат реципрочни мерки.
Доколку се воведат сакциите и ние ќе воведеме реципрочни мерки. Состојбата ке биде многу полоша од Студената војна, Унијата ја сочинуваат 28 земји, а светот не го сочинуваат само тие.
Руската војска неодамна го презеде надзорот над црноморскиот украински полуостров Крим. Руското мнозинско население за внедела го подготвува референдум којшто ќе одлучи дали Крим ќе се припои кон Русија. За идниот стаус на Крим, се изјасни и внуката на поранешниот советски лидер Хручов, кој што Крим пред половина век го подари на Украина.
„Дедо ми ниту на сон не помислил тогаш дека државата ќе се распадне. Но сега го оправдувам потегот на Путин, затоа што сака да ја разобличи дволичноста на Западот“, вели Нина Хручов.
„Неможе да се успоредува Крим со Косово, бидејќи знаеме што се случи за времето на Милошевиќ и етничкото чистење, Косово се одлучи на независност откако Русија ставаше вето на секој предлог“, изјави Ангела Меркел, канацалар на Германија.
Аналитичарите оценуваат дека брзото темпо на руските потези околу анксијата на Крим ги поттикна лидерите на Унијата, чии што правила за конзензуално олучување досега беше и причина за бавно донесување на одлуките. Претходно, европските челници привремено ги прекинаа преговорите за визниот режим.
Мирјана Василева
