Истражување: Инфекцијата со коронавирус на отворено не е невозможна, но е ретка
Иако скоро целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите велат дека е оправдано носењето маска и на отворено, бидејќи постои мал ризик од инфекција.

Ова првенствено се однесува на настани каде луѓето стојат блиску еден до друг и зборуваат долго, како што се политички митинзи или забави на отворено.
Од почетокот на пандемијата, научните студии докажаа дека вирусот се пренесува во ресторани, домови, фабрики, канцеларии, конференции, возови и авиони.
Во студија спроведена на 25.000 случаи, приближно шест проценти од случаите се поврзани со инфекција на отворено, како што се спортски настани или концерти.
Ова се оградени области каде што физичкото растојание не се почитувало или каде луѓето престојувале некое време и се движеле наоколу зборувајќи или пеејќи гласно.
Најмалите честички со кои може да се пренесе вирусот, аеросолите, можат да лебдат во воздухот неколку минути или часови, во зависност од вентилацијата на просторот. Акумулацијата на овие честички е можна во просторија со слаба вентилација. Тоа е, на пример, можно во тесен простор помеѓу две згради каде што нема циркулација на воздухот.
Не е познато колку аеросол е потребен за инфекцијата, но колку е поголема количината, толку е поголема веројатноста за инфекција “, заклучува Стив Елеџ, генетичар и експерт за вируси на Харвард.
Времето поминато во близина на заразено лице е клучен фактор. Една секунда не е доволна за инфекција, веројатно е барем неколку минути.
„Нема докази дека коронавирусот се пренесува со поминување на луѓе на отворено“, заклучи група научници, но во теорија тоа е исто така можно.
"Кога поминуваме покрај луѓе, можно е да земеме здив од нивното издишување. Ризикот е многу мал, но од принципот на претпазливост, маската не може да му наштети", вели Линзи Мар, експерт за пренос на вируси од Универзитетот во Вирџинија Тех.
Сите индикации се дека ризикот е мал, но маските сепак се најефикасна безбедносна стратегија.
Дијана Гогова
