ЗДРАВЈЕ

Еве зошто е добра идеја денот да го започнете со шолја кафе

19.10.2020 11:10

Наводите за лошото влијание на кафето врз здравјето на луѓето досега не резултираа во конзумирање на овој пијалок во помали количини. Сепак, се чини дека придобивките од кафето се исто така бројни ...

Ако конзумирате кафе секој ден, сигурно сте сен прашале дали е навистина опасно за вашето здравје. И покрај сето тоа, вие продолживте да го консумирате и да уживате. Еве неколку причини зошто е добро да пиете барем едно кафе на ден.

Докторите  заклучуваат дека конзумирањето кафе во разумни количини нема никаква врска со ризикот од срцеви заболувања.

Што се однесува до Паркинсоновата болест, научните докази сугерираат дека кафето може да помогне во одбрана од болеста. Имено, триесетгодишно истражување кое опфатило 8.000 Јапонци и Американци кои биле големи потрошувачи на кафе, покажало дека имаат мал ризик на кој биле изложени оние што не пиеле кафе.

Од друга страна, лекарите од Општата болница во Масачусетс дошле до слични заклучоци. Како што потврдија, постојат индиректни докази дека кофеинот, стимуланс во кафето што создава навика, всушност може значително да придонесе во борбата против Паркинсоновата болест.

Студиите исто така покажаа дека кафето нема негативно влијание врз ризикот од рак на дебелото црево.

Кафето ви го буди мозокот и ви ја подобрува концентрацијата, кафето ги намалува шансите за заболување од рак на кожата, особено кај жените, а може да ве направи посреќни и помалку депресивни

Д.Г.