ЗАНИМЛИВОСТИ

Тајните на „Пријатели“: Интересни факти за вашата омилена серија што не сте ги знаеле до сега

19.10.2020 10:13

ТВ серијата „Пријатели“ е американска комедија за група од шест пријатели кои живеат во Њујорк. Премиерно е прикажана од 1994 до 2004. Создадена е од Дејвид Крејн и Марта Кауфман, а продуцирана од Кевин С. Брајт, Марта Кауфман и Дејвид Крејн. Оваа серија е една од најпопуларните серии на сите времиња, и е прикажана во повеќе од 100 земји. Последната епизода е една од најгледаните епизоди во САД. Во продолжение неколку интересни факти за серијата кои не сте ги знале, а за потсетување можете да ја гледате на програмата на Македонската телевизија...

Во првата сезона, секој од главните 6 актери доби 22,000 долари по епизода. Во 1997 година, тие се здружија и побараа зголемување на платата на 100 000 американски долари. Во текот на последната сеозна , секој од нив добивал  по 1 милион долари по епизода.

Иако ја игра неговата помала сестра, Кортни Кокс е постара од Дејвид Швимер.

Рос и Рејчел не требаше да имаат централна романса во серијата. Приказната меѓу овие два лика се развила поради хемијата што ја имаат Дејвид Швимер и Џенифер Анистон.

Хенк Азарија, кој го позајмува гласот на на шанкерот Мо во серијата „Симпсонови“, помина низ две аудиции за ликот на Џои. Ханк Азарија подоцна ја доби улогата на Давид, физичар во кој Фиби се вљубува, но кој заминува за Минск.

Брус Вилис се појави во серијата затоа што изгубил облог со  Метју Пери. Брус Вилис не верувал дека нивниот заеднички филм „Цели девет јарди“ ќе биде број еден во кината за време на првиот викенд на емитување. Парите што ги доби од серијата беа донирани во добротворни цели.

Фиби и Чендлер, според првичната идеја, биле само споредни ликови.

Пред емитувањето на првата епизода, актерската екипа била однесена на вечера во Палатата Цезар, во Лас Вегас, за да ужива во последните моменти на анонимност.

Во подрумот на студиото Ворнер Брос е пронајден портокалов кауч и е поставен како дел од сетот во кафулето.

Дејвид Швимер кој го игра ликот на Рос, режирал 10 епизоди на Пријатели.

Кога Рејчел бара свештеник за венчавката на Моника и Чендлер, наоѓа грчки православен свештеник кој излегува од венчавката Анастасакис / Папасифакис. Анастасакис е презимето на Џенифер Анистон која всушност има грчко потекло.

Елен Деџенерис ја одбила улогата на Фиби.

Дијана Гогова