Бензините поевтини за половина денар, цената на дизелот останува иста
19.10.2020 12:51
Регулаторната комисија најави дека цената на бензините БС 95 и 98 се намалува за половина денар и ќе се продаваат за 59, односно 61 денар за литар. Кај дизелот и екстралесното масло нема промени на цената, додека мазутот поевтинува за 0,109 денари за килограм.

Од полноќ се намалуваат цените на дериватите во просек за 0,41%. Регулаторната комисија најави дека цената на бензините БС 95 и 98 се намалува за половина денар и ќе се продаваат за 59, односно 61 денар за литар.
Кај дизелот и екстралесното масло нема промени на цената, додека мазутот поевтинува за 0,109 денари за килограм.
Причини за корекциите на цените се намалувањето на референтните цени на бензините и на мазутот, како и промената на курсот на доларот во однос на денарот.
