Социјалните станови во Струмица сѐ уште без разрешница

19.10.2020 14:43

Социјалните станови во Струмица сѐ уште без разрешница. Објавени конкурси, па поништени, поради недостиг на соодветна документација, но на крајот сѐ се сведува на заклучокот: 37-те корисници на кои им се најнеопходни, и натаму се без покрив над главата...

Ќе се поделат ли конечно социјалните станови во Струмица? Три пати за две години се поништуваше огласот, со различни опрвдувања. 37- те стана кои ги изгради Министерството за транспорт и направи договор со Министерството за труд и социјална политика да се поделат истите на граѓани со социјален ризик, како и самохрани родители, се сѐ уште празни, а нема ниту најава кога граѓаните да ги комплетираат документите, оти на старите од предходните огласи им помина рокот на валидност.

Министерот Бочварски денеска заедно со директорката на МЕПСО, Шуклева, изврши увид во реконструкцијата на трафостаницата Струмица 2, во Струмица.

Бочварски денеска се сретна и со првиот човек на Општина Струмица со кој разговарале за новиот Закон за урбанистичко планирање, со цел приоритети во урбанизација и реконструкција во градот, со цел подобрување на квалитетот на живеење.

 

Стојне Митева