Пандемијата бара реструктуирања на подолг рок
Прилепскиот Економски факултет одбележува шест децении постоење. Најбитна е поврзаноста со стопанството. За економските стручњаци покрај краткорочни пакет- мерки, неопходни се враќање на довербата во инвестирањето, преструктуирање на економијата за користење ИТ-вештини за конкурентност на работната сила. Младите економисти бараат вложување во образованието и подобри услови за да работат во земјата...

Пандемиската криза бара реструктуирање на економската коњуктура, повеќе он-лајн услуги, а поголеми ИТ вештини за работната сила да биде конкурентна на пазарот на трудот, сметаат економските стручњаци. Имаме четири пакети мерки, ги опфаќаат најранливите категории, но на подолг рок битно е враќањето на довербата во инвестирањето.
Прилепскиот Економски факултет одбележува шест децении од формирањето и смета дека дал и дава соодветни кадри во стопанството. Приоритет е поврзаноста токму со стопанството, на теоријата со практиката.
Младите економски кадри се бараат себе си. Упорноста е најбитна, ама и подобрите услови за водење бизнис. Вложувањето во образованието е пресудно.
Прилепскиот економски факултет продуцирал околу 7.400 дипломци, 450 магистри и 87 доктори на економски науки.
Елизабета Митреска
