Агенцијата за храна и ветеринарство со позитивна оценка од Европската комисија

20.10.2020 10:11

Според последниот извештај на Европската комисија, Агенцијата за храна и ветеринарство е подготвена за преговори за Поглавјето 12. Ова е едно од пообемните и сложено поглавје во преговорите за членство во Европската унија, во кое неколку години по ред е забележан напредок...

Агенцијата за храна и ветеринарство и во текот на 2020 година доби позитивна и највисока оцена од страна на Европската Комисија.

Земјата има добро ниво на подготвеност во сите области поврзани со безбедноста на храната и ветеринарната политика, а особено се издвојува подобрувањето на контролата на болестите кај животните односно одржувањето на висок степен на здравствената заштита на добитокот, согласно високите европски стандарди и барања, што преставува и една од стратегиските цели на Агенцијата.

АХВ во неколку извештаи по ред, забележува добра подготвеност за  почнување на преговорите , за најсложеното и за најобемното, Поглавјето 12, во делот на преговорите на земјата за членство во Европската унија.

Во наредниот период Агенцијата ќе се фокусира и на завршување на почнатите активности за понатамошно усогласување на регулативата со новото законодавство на Унијата, во односно на контролите и на здравствена грижа и заштита  на животните,  како и зајакнување на капацитетите за анализа на податоците во областа на безбедноста на храната.

 

Методија Трајков