Нови борби меѓу Ерменија и Азербејџан во спорниот регион
Азербејџанските власти тврдат дека уништиле оружје на Ерменците...
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека во текот на ноќта продолжиле борбите околу Нагорно-Карабах, и тоа во три правци на конфликтната зона. Оттаму додаваат дека нивните единици успеале да уништат голем дел од оружјето и опремата на Ерменците, вклучувајќи два тенка и пет возила.
Баку тврди и дека трупите успешно ја контролираат ситуацијата долж целата линија на фронтот. Во меѓувреме, Иран се закани дека ќе одговори на секаква агресија откако во земјата паднаа заталкани проектили.
Ерменија и Азербејџан викендов постигнаа договор за прекин на огнот кој беше прекршен само неколку минути по прогласот. Ескалацијата на спорот за кавкаскиот регион се случи на 27 септември.
Во борбите во Нагорно Карабах има стотици жртви, вклучувајќи и многу цивили.
