Филипче: Состојбата е сериозна, мерките за заштита од Ковид-19 итно да се донесат
„Мерките за заштита од Ковид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат“, порача попладнево министерот за здравство, Венко Филипче.

„Мерките за заштита од Ковид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат“, порача попладнево министерот за здравство, Венко Филипче.
„Пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот. Барам сите сложно да испратиме порака на единство околу важноста за почитување на мерките. Тие се целосно издржани, базирани на анализите на Институтот за јавно здравје и на меѓународните искуства. Исти или слични мерки во моментов веќе се на сила во сите европски држави“, вели Филипче во писмената изјава и додава дека нема повеќе време за одлагање затоа што состојбата со вирусот е сериозна.
