Хрватска со поддршка за одржување меѓувладина конференција до крајот на годинава
По Словенија, и Хрватска со поддршка за одржување меѓувладина конференција до крајот на годинава што треба да го означи почетокот на преговорите на земјава со Европската унија. Има подготвеност да продолжи помошта во реформите и исполнувањето на потребните услови за членство...

„Европската унија треба да донесе неколку исклучително важни одлуки за нас, да ја одобри преговарачката рамка за пристапните преговори, да ја закаже првата Меѓувладина конференција и да започнат и формално пристапните преговори. Со оглед на постигнатиот реформски напредок и на нашиот долг европски пат, сметам дека заслужено очекуваме ова да се случи до крајот на оваа година, за време на германското Претседателство со Советот на ЕУ“, рече министерот Османи на заедничката прес- конфернција со својот хрватски колега, Горан Грлиќ Радман во Загреб.
Шефот на дипломатијата го информирал министерот Радман за неговоата посета во Бугарија , потенцирајќи ја притоа важноста за меѓусебна комиуникција на највисоко ниво како единствен начин за надминување на евентуалните разлики.
„Бугарија ја свати нејзината улога и можните последици по кредибилитетот на ЕУ“, изјави Османи.
За двајцата министри продолжувањето на политиката на проширување на ЕУ ќе биде позитивен сигнал за целиот регион како суштински интерес и на земјите – членки на Унијата, за европски Западен Балкан.
„Исклучително ги цениме реформските напори како израз на политичка храброст кои донесоа историски резулатати, членство во НАТО и одлука за почеток на пристапните преговори. Драго ми е што вашите остварувања и опипливи резултати се препознати во пакетот за проширување што Европската Комисија го објави на 6-ти окотмври. Во идниот период ние ќе подржуваме постигнување на договор помеѓу сите земји на ЕУ за и што поскоро одржување на меѓувладината конференција“, нагласи Радман.
Билатералните односи беа окарактеризирани како динамични и пријателски, со интензивен политички дијалог на највисоко ниво, преку успешна соработка во бројни области од взаемен интерес.
Претходно министерот оствари средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Османи изрази благодарност за ангажман за време на хрватското претседавање со Советот на Европската унија, кога се постигна консензус за почеток на пристапните преговори.
Марина Стојанова- Тонева
