И покрај пандемијата, германските компании планираат нови инвестиции
И покрај пандемијата германските компании планираат нови вложувања и проширување на бизнисот во земјава- изјавија од делегацијата на германското стопанство во земјава. Од Министерството за економија најавија, дијалог и пакет мерки за олеснување на работата на странските капацитети, со акцент на автомобилскот сектор...

Мерките со кои треба да ограничи времето на работата на економските оператори треба да биде регулирано секторски. Да се примени законот, да се зачува економијата – порача ресорниот министер Бектеши. Очекува четвртиот економски пакет да го ублажи ударот од кризата. Најавува нов сет економски мерки и за странските инвеститори од автомобилската индустрија.
Имуни на пандемијата не се и германските компании во земјава, велат од делегацијата на германското стопанство. Посочуваат дека и покрај проблемите инвеститорите се заинтересирани да вложат и да ги прошират инвестициите во земјава. Бараат предвидливо опкружување.
Според податоците на Државниот завод за статистика, лани трговската размена со Германија надминала 4 милијарди евра. Според Народната банка, падот на трговската размена поради ковид пандемијата годинава се очекува да биде 17 отсто кај извозот и 15 отсто кај увозот.
Дијана Ценевска
