Штипскиот театар подготвува нова претстава, бројот на публиката лимитиран
После неколку месечна пауза, нова театарска претстава подготвува штипскиот театар. Пробите се одвиваат според утврдени протоколи. Дел од актерската екипа се подготвува за настап на интернационален фестивал во Приштина. Претставите од претходната сезона се играат пред редуциран број публика и се бара карта повеќе за хит претставата „Јавна Здравствена Установа Европа“.

До средината на ноември се планира премиерна изведба на театарската претстава „Ова дете“ која во десет сцени неповрзани наративно, ги разгледува различните аспекти на односите меѓу родителите и децата.
Сценските проби се реализираат според утврдените здравствени протоколи.
Додека се подготвува новата премиера, дел од актерскиот тим на театарот во Штип е во подготовки за настап на меѓународна сцена.
Претставата „Возможни Светови“ во режија на Ивана Ангеловска доби покана за учество на интернационалниот фестивал во Приштина идниот месец.
Славица Величковска
