Акција во Кочани и Скопје: Се приведуваат шверцери на азиланти

14.03.2014 07:57

Уапсени се неколкумина за злоупотреба на безвизниот режим, за МРТ потврдуваат извори од истрагата...

Полицијата утрово спроведе акција во Кочани и Скопје.

Приведени се три лица, две од Кочани и едно од Скопје, за злоупотреба на безвизниот режим, за МРТ потврдуваат извори од истрагата.

Групата организирала луѓе од источна Македонија, им земале пари и преку Косово, лажните азиланти ги носеле за Германија.

Повеќе детали за акцијата ќе има во текот на денот.

 

Наташа Гркова- Петрушевска