Субвенции за откуп на грозје
Утврдено субвенционирањето на лозарите и на винарските визби. Парите се обезбедени од програмата за поддршка на Ковид- 19. Лозарите ќе треба да добијат зголемени субвенции, на винариите, ќе им се помогне во намалување на транспортните трошоци, а на извозниците според продадените количества во странство...

Од Програмата за поддршка од Ковид-19 се предвидува субвенција од 4 денари по килограм за откупено и предадено винско грозје во винарски визби кои се запишани во регистарот на производители на вино.
Поддршката ќе биде наменета за откупено винско грозје до 18 шеќерни единици со минимална цена од 7 денари по килограм.
Намената на оваа мерка е за интервентен откуп на грозје кое ќе биде преработено во производи од винско грозје, а корисници на оваа мерка се винарските визби.
Ќе се подготвува и дополнителна мерка во висина од 2 денари по килограм за произведено и предадено винско грозје, за лозарите. Предвидениот рок за исплата е до крајот на 2020 година.
Исто така извозниците на винско грозје треба да добиваат субвенција од 2 денари за извезени 12 милиони килограми. За продадени до 25 милиони да имаат право на 3, а ако откупат и извезат повеќе од 25 милиони килограми да добијат по 4 денари субвенција.
Методија Трајков
