Заев предложи разрешување на директорката на Агенцијата за европски образовни програми, Лидија Димова

21.10.2020 10:40

Од Владата соопштија дека оваа постапка ја овозможува членот 23 од етичкиот кодекс, според кој, Претседателот на Владата може да побара политичка одговорност...

Премиерот Заев го прифатил барањето на вицепремиерот Николовски, да му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, да ја разреши директорката Лидија Димова, заради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, поврзано со индиции за несоодветно финансиско работење и за негрижа за одржувањето на имиџот на институцијата во јавноста.

Од Владата соопштија дека оваа постапка ја овозможува членот 23 од етичкиот кодекс, според кој, Претседателот на Владата може да побара политичка одговорност, односно, барање за поднесување оставка на носителот на извршна функција, или предлог за негово разрешување, и да покрене иницијатива за информирање на надлежните институции, при што врз основа на сознанијата и одлуките на Управниот одбор, ќе се запазат сите постапки за гарантирање на принципот за презумпција на невиност.