Ковид-19

Коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот

21.10.2020 11:02

Неколку вакцини за коронавирус се развиваат ширум светот и според компаниите би стигнале до граѓаните во текот на идната година.

Коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината не е ефикасна, изјави истакнатиот британски научници, Патрик Валанс.

Тој вели дека неколку потенцијални вакцини се во завршна фаза на клинички испитувања, но верува дека ниту една нема да може да го искорени вирусот.

Неколку вакцини за коронавирус се развиваат ширум светот и според компаниите би стигнале до граѓаните во текот на идната година.

Во светот се заразени над 40 милиони луѓе. 1,1 милиони луѓе починаа од почетокот на пандемијата.