Шекеринска за изјавата на Кракачанов: Ова не е начин на комуникација меѓу две членки на НАТО

21.10.2020 12:20

И Бугарија и ние сме членка на НАТО и ова не е начин на кој комуницираат или треба да комуницираат членки на Алијансата- став на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по изјавата на бугарскиот министер Каракачанов дека ќе испрати бугарски војници во Македонија за да се остранат плочите на кои Бугарија се нарекува фашистички окупатор...

И Бугарија и ние сме членка на НАТО и ова не е начин на кој комуницираат или треба да комуницираат членки на Алијансата- став на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по изјавата на бугарскиот министер Каракачанов дека ќе испрати бугарски војници во Македонија за да се остранат плочите на кои Бугарија се нарекува фашистички окупатор.

„Очекуваме Бугарија, која беше една од државите во регионот, која од самиот почеток ја поддржа нашата независност, но и нашето членство во НАТО и во ЕУ, тоа да го прави и сега, бидејќи пријателските народи македонскиот и бугарскиот можат да одат напред само ако меѓусебно се поддржуваат“, изјави министерката за одбрана Шекеринска.

Македонскиот јазик, македонскиот народ се реалност и ниту едни политички преговори, ниту политички препукувања нема да ја сменат таа реалност. Меѓутоа, можеме да направиме подобра иднина за нашите народи и да создадеме повеќе шанси за нашите млади. Ние така ја гледаме нашата задача, нагласи Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање по свеченоста по повод промоцијата на потпоручници и заклетвата на питомци од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски”.