Царовска: Се разгледува можноста наставниците да предаваат онлајн и од дома

21.10.2020 12:55

Според Министерството за образование, се следат препораките на Комисијата за заразни болести и со бојкотот на наставата со барањата за одржување со физичко присуство губат учениците.

Наставниците да предаваат онлајн и од дома- министерката Царовска најави дека се разгледува оваа можноста со цел средствата што ќе се трошат за загревање на училниците да се искористат за ИТ уреди.

Според Министерството за образование, се следат препораките на Комисијата за заразни болести и со бојкотот на наставата со барањата за одржување со физичко присуство губат учениците.

Годинава нема да се организираат училишни екскурзии. До пет километри може да има прошетка, движење на учениците со наставниците заради социјализација.

Според министерката, упатставата се веќе испратени до Бирото за развој на образованието.