Ковид-19

Расте бројот на заболени во Охрид, во болицата само три слободни кревети

21.10.2020 15:14

23-ца новозаболени со Ковид-19 во еден ден во охридско. во болницата има само три слободни кревети. Една учителка е позитивна на Ковид 19, додека 14 ученици се во изолација.

Рекорден број на заболени од корона вирусот во Охрид. Во вчерашниот ковид боланс на Министерството за здравство се запишаа 23 новозаболени од Охридско. Една учителка е позитивна на Ковид-19, а 14 ученици се во изолација.

Дел од новозаболените се од познатите кластери маркети, фабрики, но дел се изолирани случаи. Бројот на заболени и натаму се очекува да расте.

„Во таква фаза сме сѐ повеќе и повеќе престојуваме во затворени простории, започна и перидот на грипот каде доста симптоми имаме кои се слични. Така да, не секоја кашлица е поврзана со ковид, но затоа постојат матичните лекари каде сите треба да се обратат и да добијат насоки за понатамошно лекување“ , вели Сашо Точков директор на ЦЈЗ Охрид.

Во охридската болница секојдневно се стеснуваат капацитетите. Останаа само три слободни кревети за згрижување на пациенти со корона вирус. Моментално се хоспитализирани 30 позитивни случаи, шест од нив се на кислородна поддршка, а најмладиот има 22 години.

„Вкупно кревети кои што можеме да ги обезбедиме за ковид се до триесетина и нешто. Ќе ја следиме состојбата, никој не може да предвиди. За цел овој период од седум месеци болницата е исполнета 80 до 90%“, вели д-р Горан Балев директор на ЈЗУ оппшта болница Охрид.

Во Охрид во моментов има 106 активни случаи на корон вирус. Градот ја ека изградбата на модуларната болница.

 

Соња Рилковска