Владата ги повика пратениците што поскоро да ги поддржат рестриктивните мерки
Владата ги повика пратениците што поскоро да ги поддржат рестриктивните мерки, но со став дека сѐ уште не е време за прогласување вонредна состојба. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е голема грешка што Филипче го одбил нивниот предлог за формирање специјална државна комисија за спречување на пандемијата...

Владата и покрај прифатените мерки од Комисијата за заштита од коронавирусот сѐ уште смета дека не е време за прогласување вонредна состојба. Од „Илинденска“ повикаа пратениците безрезервно и час поскоро да ги поддржат рестриктивните мерки.
Според социјалдемократите што побргу мерките треба да бидат изгласани во Собранието бидејќи болничките капацитети забрзано се полнат.
Во ВМРО – ДПМНЕ велат дека е голема грешка што Филипче го одбил нивниот предлог за формирање специјална државна комисија за спречување на пандемијата. Опозицијата бара што поскоро седница за мерките.
По повиците од владата и опозицијата, на ред е спикерот Џафери- дали ќе закаже седница на Собранието пред предвиденото. Засега наредната седница, на која што не е поставена оваа точка, е предвидена да се одржи дури идниот вторник.
Миле Ристески
