Одбрана

Армијата доби нови 19 потпоручници

21.10.2020 14:29

Армијата доби 19 нови потпоручници од 20-та класа на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. Военото образование го завршија 27 питомци, од кои 19 се од земјава, тројца од Црна Гора, четворица од Босна и Херцеговина и еден од Косово. Со ова Воената академија во Скопје ја продолжува традицијата да биде центар за обука на идните воени офицери, не за само за македонската армија, туку и за сојузниците од НАТО и земјите од регионот...

Армијата доби нови 19 потпоручници од 20-та класа на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. 27 питомци, од кои 19 се од земјава, тројца од Црна Гора, четворица од Босна и Херцеговина и еден од Косово, се прва генерација офицери која своето образование го заврши во земја- членка на НАТО.

Најдобри во класата се двајца потпоручници од Македонската армија и еден потпоручник од сојузничката Црна Гора. Воената академија во Скопје ја продолжува традицијата да биде центар за обука на идните воени офицери, не за само од земјава, туку и за сојузниците од НАТО и другите држави во регионот.

Заклетва положија 40 нови питомци од 24-та класа на Воената академија. Од нив, 25 се од земјава.

 

Ирина Гелевска