30 проценти од младите годишно ја напуштаат државата
Истражување на мрежата за спречување одлив на мозоци, покажало дека од илјада млади испитаници, само осум насто изјавиле дека би останале во земјава. Младите бараат формирање на кариерни центри, поврзување на образовните институции и користење на добрите искуства на Естонија и на Ирска.

Речиси 30 проценти од младите годишно ја напуштаат државата. За одливот на мозоци треба да изнајдат брзи решенија, велат од невладиниот сектор. Бараат поврзување на образовните центри, формирање на кариерни центри и нова стратегија. Од спроведеното истражување на околу 1.000 испитаници, само осум проценти би останале во земјава.
Од граѓанската организација велат дека сегашната Националната стратегија за вмрежување која треба да го препознае и задржи квалитниот кадар има слаба имплементација.
Враќањето на младите се покажало како успешен пример во повеќе земји, како Естонија која целосно е дигитализирана, Ирска која 20 години работи да ги привлече инвестициите од странство дома.
Дијана Ценевска
