ДКСК: Политички партии на последните избори злоупотребувале буџетски средства

21.10.2020 14:47

Антикорупционерите тврдат дека политички партии на последните парламентарни избори злоупотребувале буџетски средства. Комисијата ќе ги почека мислењата на ревизорите и потоа ќе соопшти кои партии вршеле малверзациии со јавни пари во кампањата.

На вонредните пратенички избори во јуни политичките партии правеле малверзации. Со јавни буџетски пари си ја финансирале изборната кампања, тврдат антикорупционерите. Тие забележале дека донациите префрлани од редовната на изборната сметка биле поголеми од законски дозволените. Партиите искористиле уште еден недостиг, посочија од комисијата.

Комисијата прво ќе го чека мислењето на ревизорите, па потоа би можела да посочи кои сѐ партии го правеле тоа. За случајот на директорот на Агенција за филм, Тозија, сметаат дека Владата е таа што треба да го разреши, а не друг орган, како што навеле во одговорот од Владата до нив.

Ивановска посочи дека е и погрешно назначувањето на поранешниот директор на Пошти, Рустеми, во чие време Пошти претрпеа големи загуби, за директор во Државни патишта.

 

Фиљана Кока