Законот за справување со дискриминацијата во Собраниска постапка
Законот за справување со дискриминацијата, влезе во Собраниска постапка. Но, и натаму опозициската ВМРО-ДПМНЕ има забелешки на документот кој еднаш беше усвоен, а потоа поништен од Уставниот суд. Предлогот е со европско знаменце, неопходен за евроинтеграцијата...

Законот не е во согласност со препораките на Венецијанската комисија и Греко, посочи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска-Давкова. Таа заедно со своите колеги подготви 15 амандамани, кои мнозинството ги отфрли. Меѓу измените, е и предлогот на претседателот да биде фиксен на шест години.
Од власта оценија дека ја следат компаративната легислатива на Европската унија за донесување закон за квалитетна заштита на сите ранливи и маргинализирани групи.
Законот еднаш беше изгласан во Собранието, но Уставниот суд го укина со образложение не бил донесен со неопходното мнозинство.
Игор Панов
