Експерти: Мерките се добри, само мора да се почитуваат
Колкава е совеста кај граѓаните за почитување на препораките. Епидемиологот Даниловски и микробиологот Пановски се единствени во ставот дека здравјето има предност, но и дека само богатите земји можат да го издржат економскиот удар од пандемијата, воведувајќи радикални мерки.

Во ваква состојба, порано бил намалуван бројот на автобусите наместо бројот на патниците. Ограничувањето на капацитетот на патниците во автобусите за 50 насто, ќе има смисла само ако и бројот на автобусите двојно се зголеми. Ограничувањето на работното време на угостителските објекти заедно со претходно донесените мерки се еден вид компромис меѓу препораките и рестриктивните мерки, смета епидемиологот Даниловски. Мора да се побрза и со донесување на пакетот мерки за коишто треба да се направат измени во Законот за заштита на населението од заразни болести.
Професорот тврди дека треба да се спроведе силна едукативна кампања, вели мора да се оневозможи ширење на теории на заговор коишто ја релативизираат опасноста од Ковид-19. Посебно, здравственатите работници треба да биде единствени во изнесените ставови во јавноста. Мислењето го споделува и микробиологот Пановски.
Според овие лекари, контрола на остварувањето на мерките мора да има. Соговорниците се единствени- богатите земји во Европа донесоа радикални мерки. Затворањето на компаниите кај нас може, според да доведе до економски колапс.
Наташа Јанчиќ Менковски
