Зголемено производство во свињарските фарми

22.10.2020 10:26

Агенцијата за храна и ветеринарство до Светската организација за здравствена заштита на животните и официјално го достави досието за „Земја слободна од класичната свинска чума “. Ваквиот статус носи поголема доверба и сигурност кај странските потрошувачи за брендот и квалитетот на македонските добиточни производи и нивни преработки...

Агенцијата за ветеринарство, по искоренувањето на болеста и престанокот на вакцинирањето, до светската организација за здравствена заштита на животните и официјално го достави досието за стекнување на статус на „Земја слободна од класичната свинска чума“.

На овој начин ќе може слободно да се извезуваaт живи свињи, свинско месо и нивни производи на европскиот пазар. Во нашава земја има  13 оператори со храна кои се регистрирани за извоз во Европската Унија, а одобренијата да се занимаваат со оваа дејност, од европските власти им се издадени во последните 2 години.

Се работи за компании кои на пазарите во странство тргуваат, односно продаваат  храна од животинско потекло, јајца, млечни, месни и производи од риба.

На пописот минатата година на свињарските фарми се евидентирани вкупно 3 790 одгледувалишта со 133.400 свињи.

Во споредба со претходните години, оваа сточарска гранка бележи годишен раст на производството и на бројот на товеници од 10-15 проценти.  

 

Методија Трајков