Заев, Димитров и Османи на онлајн средба со Борел: Првата меѓувладина конференција- позитивен сигнал и за регионот

22.10.2020 11:30

Премиерот Заев изрази надеж дека поддршката од Комисијата ќе се формализира и со усвојување на рамката за преговори на почетокот на идниот месец, по што ќе следува и првата меѓувладина конференција до крајот на годината, информираат од владината прес- служба.

Премиерот Заев, вицепремиерот за евроинтеграции Димитров и шефот на дипломатијата Османи,  на онлајн средба со потпретседателот на Европската комисија, Жозеф Борел. Првата меѓувладина конференција на Северна Македонија за заедничка иднина со ЕУ ќе биде позитивен сигнал и до регионот, заклучок од состанокот.

Премиерот Заев изрази надеж дека поддршката од Комисијата ќе се формализира и со усвојување на рамката за преговори на почетокот на идниот месец, по што ќе следува и првата меѓувладина конференција до крајот на годината, информираат од владината прес- служба.

Претседателот на владата нагласил дека Северна Македонија останува посветена на негување на добрососедските односи. За Брисел е исклучително значајно што продолжува интензивната соработка со влада која е докажано посветена на интегративниот процес, потенцирал потпретседателот на Европската комисија. Борел очекува првата меѓувладина конференција да се случи што поскоро.