Најдлабока рецесија во последните две децении

Светска банка: Пад на македонската економија за 4,1 %

22.10.2020 13:04

Годинава македонската економија ќе ја заврши со пад од 4,1 насто од бруто домашниот производ. Следната година се очекува закрепнување и раст на 3,6 проценти. Јавниот долг ќе достигне над 60 насто- прогнозира Светската банка во најновиот извештај...

Македонија се соочува со најдлабока рецеција во последните 20 години, пандемијата удри по економскиот раст, годинава ќе заврши со минус 4,1 насто бруто домашен производ, проектира Светската банк.

Доминираат надолните ризици, фазата на сузбивање не е завршена, може да го одложи закрепнувањето –посочуваат експертите. Велат, приоритет е ставање на здравствената криза под контрола и ограничување на економската штета, а потребно е креаторите на политиките во регионот да се фокусираат на зајакнување на економските фундаменти за одржливо закрепнување.

Според банкарите од Вашинготн, целиот Западен Балкан се соочува со рецесија. Регионалниот раст се предвидува да се намали за 4,8 отсто во 2020 година, што е за 1,7 процентни поени пониско од априлските предвидувања.