Истражување

Проблеми во работата на градските инспекциски служби

22.10.2020 13:31

Постојни проблеми во работата на инспекциските служби во скопските општини и во градот Скопје. Како може да се спречат случаи како „Мавровка“? Дали е потребен нов, поефикасен модел на организација на инспекцискиот надзор во главниот град, кој ќе го намали ризикот од корупција, а ќе ги зголеми ефикасноста и независноста на инспекцискиот надзор?

Над 40 проценти од граѓаните, сметат дека инспекторите во својата работа зависат од градоначалниците. Речиси исто толкав процент од испитаниците рекле дека општинските инспектори не се професионални и ефикасни и дека наместо да ги штитат граѓаните и јавниот интерес, ги штитат интересите на политичките и бизнис моќници. Овие податоци се дел од истражувањето на невладиниот сектор за тоа како граѓаните гледаат на работата на општинските инспекции. Од таму сметаат дека ова е една од најслабите алки во функционирањето на локалната самоуправа, со највисок ризик на корупција. Како пример ги посочија случаите со дивоградбите во Мавровка и на Матка, како и она што се случува во Охрид и Струга.

Градоначалникот на Скопје, Шилегов вели дека постои политичка волја да се стави крај на слабостите кои постојат во системот. Појасни дека со градоначалниците на 10-те општини на територијата на градот се бараат ефикасни решенија.

Градоначалниците од неколку скопски општини ги истакнаа слабостите во работата на инспекциите. Побараа поголема контрола врз нивната работа.

Потребно е зголемување на бројот на инспектори на територија на цела држава. Од друга страна, со новиот Закон за инспекциски надзор е многу тешко да се ангажираат нови инпектори, поради многубројните филтри што треба да ги поминат, беше речено на јавната дебата.

 

Александра Спировска