ДИК на отворена седница ќе ја утврдува листата на кандидатите за претседател

14.03.2014 09:26

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на отворена седница треба да ја утврди листата на кандидатите за избор на претседател на Република Македонија.
 
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на отворена седница треба да ја утврди листата на кандидатите за избор на претседател на Република Македонија.
 
Рокот за поднесување кандидатури за претстојните претседателски избори истече на полноќ. Поднесени се кандидатури за Ѓорге Иванов, поддржана со над 63 илјади потписи од граѓани, како и со потписи од пратеничката група на коалицијата „За подобра Македонија“, за Стево Пендаровски, како кандидат на СДСМ, за Зоран Поповски од ГРОМ со поддршка од 10 илјади потписи и за Илијаз Халими, кандидат на ДПА, исто така со поддршка од 10 илјади граѓани.