Засилени контроли во јавниот превоз во Охридско- струшкиот регион

22.10.2020 14:31

Сообраќајната полиција деновиве засилено врши контроли и за почитување на препораките за заштита од корона вирусот во патниот сообраќај. Носење заштина маска, но и преполовен број на патници во јавниот превоз. Се контролира и организираниот превоз на фабриките и погоните во регионот.

Седум возачи од Струга во еден ден заработија парични казни за нелегално вршење такси превоз на патници. Затекнатите лица немале лиценца, ниту унифицирани ознаки и опрема на такси возилото, работеле на црно.

Сообраќајната полиција деновиве засилено врши контроли и за почитување на препораките за заштита од корона вирусот во патниот сообраќај. Носење заштина маска, но и преполовен број на патници во јавниот превоз. Се контролира и организираниот превоз на фабриките и погоните во регионот.

„Да напоменам дека активностите се вршат заедно со трудовиот инспектор при локалната самоуправа. Целта е заедно да придонесеме граѓаните доследно и строго да се придржуваат кон почитување на мерките за заштита од Ковид- 19“, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Легалните такси превозници велат силно ја чувствуваат економската криза, покрај нелојалната конкуренција од дивите таксисти, секојдневно се изложени на нови протоколи, рестрикции и казни.

„За ова 50% патници никој не знае, не е ни кажано, треба да се објави дека сaмо двајца треба да се возат, но мислам нема да се почитува“, вели еден таксист.

„Контроли има ама не е страшно“, вели друг таксист.

Такси превозниците велат, голем дел од патниците воопшто не ги почитуваат здравствените протоколи, не носат заштитни маски во возилата.

Стотици казни за непочитување на здравствените протоколи во возила изрекла полицијата од почетокот на панедмијата до денес. И во следните денови засилено ќе се контролира јавниот превоз.

 

Соња Рилковска