36,4 милиони евра од Светска банка за поголема конкурентност
Подобрувањето на конкурентноста и условите за развој на локалните компании е неопходно за Република Македонија да се стави на патеката на одржлив раст, вели Татјана Проскурјакова, директор на канцеларијата на Светска банка во Македонија...

Со цел да се зајакне конкурентноста на македонската економија преку поддржување на инвестиции и надградба на технологијата во секторите индустрија, агробизнис и трговска логистика, како и да се создадат услови за зголемување на флексибилноста на пазарот на трудот и капацитетот за иновации, Светската банка го одобри Вториот програмски заем за развојни политики за конкурентност (ДПЛ2) за Макдонија, во износ од 36,4 милиони евра.
„Подобрувањето на конкурентноста и условите за развој на локалните компании е неопходно за Република Македонија да се стави на патеката на одржлив раст, да се создадат повеќе и подобри работни места, и да се промовира заеднички просперитет“, вели Татјана Проскурјакова, директор на канцеларијата на Светска банка во Македонија.
Надоврзувајќи се на резултатите на првиот програмски заем за развојни политики (ДПЛ) за конкурентност од 2012 година, реформите во рамките на ДПЛ2 ќе поттикнат инвестиции и иновации во клучни сектори ориентирани кон извозот, кои имаат потенцијал да го зголемат долгорочниот раст и создавањето работни места во услови на се поконкурентна глобална економија.
