Премиерот на Косово, Хоти во прва посета на земјава
Премиерот на Косово, Авдулах Хоти во прва посета на земјава. Со шефот на македонската влада Заев разговараа за продлабочување на односите меѓу двете земји. Приоритет е автопатот Скопје- Приштина. Од нашата страна треба да почне да се гради догодина. Заев рече дека го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија за да се најде заемно прифатливо решение, кое ќе ги зацврсти мирот и безбедноста во целиот регион...

Посетата на косовскиот премиер Хоти во услови на пандемија е само потврда за добрите билатерални однси меѓу двете земји, рече премиерот Заев. Фокусот треба да биде на потесна економска соработка и поквалитетно инфраструктурно поврзување. Фокусот е на автопатот Скопје – Приштина, кој сѐ уште не е изграден од нашата страна. Заев вели дека првата тендерска фаза е завршена, наскоро се очекува втората, а изградбата треба да почне во првите три месеци од идната годоина.
Македонија е една од петте држави со која Косово оставарува најголема трговска размена. Меѓу планираните проекти е и поврзувањето на Скопје и Приштина со природен гас. Се подготвува проектна документација за поврзување на Тетово со Призрен, се размислува и за соработка во туризмот.
Премиерот Заев рече дека земјава го поддржува дијалогот меѓу Приштина и Белград со цел изнаоѓање взаемно прифатливо решение кое ќе допринесе за стабилноста и за мирот на целиот регион.
Дијана Ценевска
