Загина Петар Милошевски

14.03.2014 10:04

Директорот на фудбалската репрезентација на Македонија Петар Милошевски загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа по 23 часот на магистралниот пат Крива Паланка- Куманово кај клучката во населбата Карпош.Во несреќата се повредени претседателот на ФФМ Илчо Ѓеорѓиоски и уште две лица. Според сознанијата на полицијата, со возилото марка „Пежо“ со кое управувал Ѓеорѓиоски се судрило со комби, управувано од жител на кумановското село Малитино, кој е повреден во несреќата. По лекарската интервенција Илчо Ѓеорѓиевски е пуштен на домашно лекување.

Директорот на фудбалската репрезентација на Македонија Петар Милошевски загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа по 23 часот на магистралниот пат Крива Паланка- Куманово кај клучката во населбата Карпош.Во несреќата се повредени претседателот на ФФМ Илчо Ѓеорѓиоски и уште две лица. Според сознанијата на полицијата, со возилото марка „Пежо“ со кое управувал Ѓеорѓиоски се судрило со комби, управувано од жител на кумановското село Малитино, кој е повреден во несреќата. По лекарската интервенција Илчо Ѓеорѓиевски е пуштен на домашно лекување. Ѓорѓиоски и Милошевски се враќале од Куманово, каде што учествувале на манифестација од хуманитарен карактер.

Милошевски имаше 40 години. Беше едно од најпознатите голмански имиња во Македонија. Во богатата фудбалска кариера 59 пати беше репрезентативец на Македонија. Кариерата ја започна во родната Битола, во дресот на Пелистер.Подоцна бранеше за Вардар, Трабзонспор, Малатијаспор... Кариерата ја заврши во екипата на Еносис на Кипар во 2012 година. По завршувањето на играчката кариера во 2012-та година беше назначен за директор на репрезентацијата на Македонија.