Филипче: Лабораториите работат во три смени - работиме на решение за повеќе термини

23.10.2020 21:05

Силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини, информира вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

Силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини, информира вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

„Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата“, соопшти министерот Филипче преку својот Фејсбук профил.