Земјоделство

Помал род на тутунот

26.10.2020 10:15

Годинава родот на тутунот ќе биде помал од лани. Според земјоделцит, временските услови направија бербата да им биде помала, но велат дека квалитетот е добар. Досега се собрани поголем дел од реколтата, а тутунопроизводителите бараат и повисоки откупни цени од минатата сезона...

Годинава родот на тутун ќе биде помал за 3.500 тони, проценува Сојузот на тутунските здруженија. Досега  е собран поголем  од реколтата, а велат и дека квалитетот е добар и нема многу да се разликува од ланскиот.

Тутунарите уште при склучувањето на договорите со откупувачите побараа повисоки откупни цени по класи. Дел од монополите минимално ги зголемија цените, но тоа е малку и недоволно порачуваат од здружението.

Сметаат дека првата класа треба да остане 280 денари за килограм. За втора да добијат 220, за трета 170, а четврта класа да биде 90 денари за килограм.

За тутунот државата годинава планира да исплати 1,8 милијарди денари или скоро 30 милиони евра субвенции и тоа за прв пат од посебна програма само за оваа култура.

 Висината на директните плаќања за произведен и продаден необработен тутун изнесува 80 денари по килограм за прва класа, 70 за втора и 60 денари по килограм за трета и четврта класа.

Методија Трајков